Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 MKD
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
  • Нашата приказна
  • Бутици
  • Контакт
Од нашите почетоци во 1991 година, проактивно работиме на креирање првокласна модна гардероба, препознатлива по префинетиот стил со безвременска вредност и која го одразува стилот на модерната и деловна жена.

Повеќе од 30 години неуморно ја усовршуваме нашата уметност. Bella, од омилена скопска кројачница, израсна во истакнат бренд на женска гардероба кој ги остварува модните фантазии на современата жена.

Наши вредности и принципи
Веруваме во силата на секоја жена, во моќта на интуицијата во сите нас. Преку совршен спој на сила и елеганција, креираме многу повеќе од уникатна гардероба. Креираме стил кој ги отсликува нашите вредности, стил кој ја симболизира убавината и моќта на современата, префинета жена.

Квалитет
Со квалитетот како наш средишен фокус, секое наше парче облека е рачно изработено со истата страст, од креативна идеја, до готов производ. Нашата цел е да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти, пласирајќи беспрекорни модерни парчиња облека кои се ѕвезди во гардеробата на секоја жена, константно усовршувајќи го квалитетот и трајноста на нашите модни колекции. Изборот на висококвалитетни материјали, современата технологија и професионално обучениот кадар резултира со извонреден стил, со што Bella се етаблира како врвен моден бренд.
Грижа за корисниците
Клиентот е секогаш на прво место, од нашите најсовремени производни погони, до нашиот искусен персонал. Секој сегмент од процесот ги става нашите клиенти во својот фокус. Нашата мисија, заснована врз ненадминливата грижа за корисниците, е да им помогне на жените да имаат сопствен уникатен и впечатлив изглед.

Крој по мерка за совршен изглед
Она по кое се издвојуваме е единствената можност за прекројување на облеката според вашето тело. Со услугата крој по мерка за совршен изглед, секоја дама добива можност за прекројување на избраниот модел, без деформирање на истиот. Доколку е потребно, се земаат мерки според вашата фигура, а потоа се прават корекции, со цел да се добијат парчиња облека во кои ќе се чувствувате удобно и ќе заблескате со беспрекорен сјај.

Bella Lure
Водени од грижата за своите клиенти и посветеноста на мисијата да го облагородиме нивниот личен стил, ја создадовме свечената линија Bella Lure, која ја акцентира женственоста, грациозноста и убавината. Моделите од овие колекции се секогаш изработени од деликатни материјали со докажан квалитет, совршени детали и создадени да го задоволат свечениот, елегантниот и отмен изглед на секоја дама.

Општествена одговорност
Во Bella ставаме посебен акцент врз општественоодговорното и етичко водење на бизнисот. Непоколебливо сме посветени кон запирање на уништувањето на глобалната животна средина и креирање иднина каде луѓето живеат во меѓусебна хармонија и склад со природата. Нашиот систем на работење е развиен во согласност со нормите за намалување на загадување на животната околина и промовирање разумна потрошувачка. Рециклирањето е дел од нашите секојдневни операции и нашите корпоративни принципи. Донациите се составен дел на нашиот совесен и неуморен менаџерски систем. Преку своите донаторски кампањи, Bella се стреми да им помогне на ранливите општествени групи, од жртвите на трговија со луѓе, до сирачињата во Република Македонија.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent